zname_mk mk_z33t zname_mk

ЕЛЕКТРИЧЕН ЕКСПРЕС ЛОНЕЦ ЗА ГОТВЕЊЕ (МУЛТИКУКЕР)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Во овој напис ќе ги опишам најважните постапки за правилно и безбедно ракување со Електричен Експрес Лонец за Готвење Delimano, модел MY-CS6004WPB (15/1) со 15 програмирани режими за готвење плус посебен режим за рачно нагодување на времетраење на готвењето и големината на притисокот во садот за готвење.

Иако написот е за Делимано-мултикукерот, речиси сè што е напишано важи и за останатите слични уреди кои можат да се набават на пазарот.

 

slika1

Electric Pressure Multicooker

 

СОДРЖИНА:

- Принцип на готвење со експрес лонец под притисок и предностите во однос на класичното готвење во обичен лонец

- Важни безбедносни инструкции при ракување со електричен експрес лонец (мултикукер)

- Контроли и карактеристики на мултикукерот (објаснување на командите и нагодувањата)

- Готвење под притисок

- Готвење со пареа

- Пржење

- Бавно готвење

- Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената храна

- Откажување на нагодувањата и откажување на процесот на готвење

- Готвење со одложен почеток

- Нега и чистење на апаратот

- Можни проблеми и нивно решавање

- Технички спецификации

- Програмирани Режими на готвење (краток опис)

- Програмирани Режими на готвење (детален опис)

- програма 01 Meat - Готвење месо и варива со месо (гулаш)

- програма 02 Poultry – Готвење месо од живина (пиле, мисирка, патка...)

- програма 03 Vegetables – Готвење на зеленчук

- програма 04 Steam – Готвење со пареа

- програма 05 Sauté – запржување

- програма 06 Slow Cook – бавно готвење

- програма 07 White Rice – Готвење на бел ориз

- програма 08 Brown Rice – Готвење на интегрален (кафеав) ориз

- програма 09 Beans - Готвење на грав, леблебија, леќа и слично

- програма 10 Broth – Готвење на бујон / супа основа

- програма 11 Curry – Готвење на кари

- програма 12 Soup – Готвење на супа

- програма 13 Multigrain – Готвење на разни житарки

- програма 14 Congee – Готвење на Конџи-оризова каша

- програма 15 Yogurt – режим за јогурт / кисело млеко

- Прилози

- Дали може мултикукерот да се приклучи на струја преку продолжен кабел?

 

 

ПРИНЦИП НА ГОТВЕЊЕ СО ЕКСПРЕС ЛОНЕЦ ПОД ПРИТИСОК И ПРЕДНОСТИ ВО ОДНОС НА КЛАСИЧНО ГОТВЕЊЕ ВО ОБИЧЕН ЛОНЕЦ

 

Обичниот експрес лонец за готвење под притисок е сад чијшто капак може херметички да го затвори садот, така што пареата која се создава при загревањето/готвењето не излегува надвор од садот и создава висок притисок внатре во садот,.

Високиот притисок овозможува температурата во садот при готвењето да биде многу повисока.

При нормален атмосферски притисок, водата врие на 100°C и за цело време на вриење температурата во садот за готвење не може да биде повисока од температурата на вриење, а тоа е 100°C.

Температурата на која врие водата зависи од притисокот во садот за вриење. Ако притисокот во садот е повисок, тогаш температурата на која врие водата во садот исто така ќе биде повисока и обратно, ако притисокот се намали, и температурата на која врие водата ќе биде пониска.

Овој феномен се користи кај таканаречените експрес лонци за брзо готвење на храна. Капакот на експрес лонецот може да се затвори херметички, така што пареата која се создава при загревањето/готвењето не излегува надвор од садот и создава висок притисок внатре во садот.

Високиот притисок овозможува температурата во садот при готвењето да биде многу повисока, а на повисока температура времето за ќе се зготви храната ќе биде многу помало, односно процесот на готвење ќе биде за покусо време. Затоа таквите лонци се наречени експрес лонци за брзо приготвување на храна.

Обичниот експрес лонец за разлика од Електричниот експрес лонец, нема вградено грејач (не се вклучува во струја) па мора да се стави на рингла од шпорет за да се загрева при готвењето. Нема ниту програмирани режими на готвење...

Електричниот експрес лонец, за разлика од обичниот експрес лонец има вградено електричен грејач и има многу електронски склопови кои автоматски ги контролираат температурата и притисокот внатре во садот и на тој начин уште повеќе го скратуваат и олеснуваат процесот на готвење.

Современите електрични експрес лонци за готвење под притисок се „паметни“ уреди (мултикукери) со повеќе програмирани режими за оптимизирано готвење на различни видови храна.

 

Предности на Електричниот експрес лонец за готвење под притисок


1. Брзина на готвење
Готвењето под притисок е 2-3 пати побрзо.

Пример: грав се готви за 25-40 минути наместо 2-3 часа.

2. Задржување на хранливи материи
Помалку вода и пократко време значи повеќе витамини и минерали остануваат во храната, особено Б-витамини и витамин Ц.

3. Затворен систем
Без испарување: нема губење течности, пареа, ни мирис низ кујната.

Идеално за луѓе со отворени кујни или без аспиратори.

4. Заштеда на енергија
Поради краткото време на готвење, мултикукерите трошат помалку струја од класичните шпорети.

5. Автоматизација и сигурност
Вградени сензори и програми: нема потреба од постојано мешање или следење.

Модерните модели се безбедни и имаат повеќестепена заштита.

6. Функционалност
Многу електрични лонци имаат и повеќе функции: готвење под притисок, готвење на пареа, динстање, бавно готвење, пржење, правење јогурт, итн.

 

Иако мултикукерот има и неколку недостатоци во однос на обичен лонец за готвење, сепак позитивните страни се многу повеќе, па затоа мултикукерите се мошне популарни. Некои од спомнатите недостатоци се:

1. Нема можност за проверка на јадењето во текот на готвењето
Не може да се „ѕирне“ или да се проба храната додека има притисок внатре во садот.

За проверка, мора да се запре процесот и да се ослободи пареата.

2. Почетна инвестиција
Добар електричен лонец може да биде поскап од обичен сад или тенџере.

 

Современите електрични експрес лонци се „паметни“ со повеќе програмирани режими за готвење прилагодени за разни јадења, а ракувањето е лесно, едноставно и брзо. Само треба да го вклучите во струја, да го одбере соодветниот програмиран режим за готвење во зависност од јадењето и толку! Вие можете да одмарате или да работите нешто друго додека сето останато ќе го одработи Вашиот мултикукер брзо, лесно и ефикасно, а откога јадењето ќе биде готово, „паметниот“ мултикукер ќе го одржува јадењето топло сè додека не сакате да се сервира ручекот..

 

Кога електричниот експрес лонец е особено корисен?

За готвење тврди и суви намирници: грав, леќа, месо, компири, житарки, супи, чорби...

Кога имате малку време, а сакате домашна храна.

За луѓе кои сакаат поедноставено, безбедно, брзо лесно, вкусно и автоматско готвење.

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Во продолжение ќе ги опишам најважните постапки за правилно и безбедно ракување со Електричен Експрес Лонец за Готвење Delimano, модел MY-CS6004WPB (15/1) со 15 програмирани режими за готвење плус рачно нагодување, но истите важат и за останатите слични уреди кои можат да се набават на пазарот.

slika2

 

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ

Внимателно прочитајте ги овие упатства пред да го користите апаратот за прв пат.

1. Апаратот можете да го користете само ако е приклучен на штекер со напон од 220 Волти наизменична струја.

2. Овој апарат вклучува електричен кабел со проводник за заземјење и мора да се користи со штекер кој има контакт за заземјување.

3. Користете го апаратот само со приложениот кабел за напојување. Ако се оштети оригиналниот и ако не можете да набавите ист таков оригинален, може да се користи сличен кабел за домашен компјутер, печатач или друг сличен уред со таков стандардизиран кабел.

4. Секогаш исклучувајте го напојувањето од штекерот пред да го приклучете кабелот во апаратот. При приклучување и исклучување на кабелот фаќајте го приклучокот - не влечете го кабелот.

5. Исклучете го напојувањето и извадете го приклучокот кога апаратот не е во употреба и пред чистење.

6. Не го вклучувајте апаратот преку продолжен кабел за напојување, особено ако продолжниот кабел е неквалитетен.

7. Ако кабелот за напојување е оштетен, треба  да се замени со нов. Ако не можете да набавите ист таков оригинален, може да се користи сличен стандарден кабел за домашен компјутер, печатач или друг сличен уред со таков стандардизиран кабел.

8. Не дозволувајте кабелот за напојување на апаратот да виси преку работ на маса или работна површина или да допира до која било жешка површина.

9. Не го поставувајте апаратот на или во близина на пламен од топол гас, електричен уред за греење или на загреана рерна.

10. Не го оставајте кабелот за напојување близу до работ на работна површина, каде што децата можат да го допрат или повлечат.

11. Децата треба да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот.

12. Не ја допирајте површината на апаратот кога е во употреба бидејќи е жешка.

13. Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи ги и децата) со намалени физички, сензорни или ментални способности, или недостаток на искуство и знаење, освен ако не се надгледувани или имаат упатства за употреба на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

14. Не го поместувајте апаратот додека е вклучен или кога е сè уште жежок.

15. Исклучувајте го напојувањето и извлекувајте го кабелот од струја додека апаратот НЕ е во употреба.

16. Апаратот треба да биде поставен на рамна површина.

17. Никогаш не ги блокирајте отворите за вентилација во основата или не го поставувајте апаратот на ниту една површина што може да ги попречи отворите за вентилација.

18. Апаратот е наменет само за домашна употреба.

19. Не го потопувајте апаратот во вода за чистење.

20. Не го потопувајте апаратот во вода или течности.

21. Не го потопувајте кабелот, приклучокот или основата во вода или друга течност.

22. Отворот за пареа е многу жежок при готвење, држете го лицето и рацете подалеку од надворешниот капак и отворот за пареа.

23. Користете ракавици за рерна или други ракавици за да го отстраните капакот и внимавајте да избегнете пареа што може да излегува. Не дозволувајте водата од капакот да капе во куќиштето.

24. Никогаш не го вадете капакот пред да се испушти пареата од внатрешноста на лонецот и да се ослободи притисокот (црвениот пловечки вентил на горната страна од капакот треба да биде спуштен што означува дека нема притисок во лонецот и може да се отвори капакот)!

25. Апаратот вклучува безбедносна брава за да се спречи отворањето на капакот кога е под притисок. Не обидувајте се да го отворите капакот на сила ако е заклучен.

26. Не ставајте храна или течност во куќиштето на електричниот апарат. Само садот за готвење што може да се вади е дизајниран да содржи храна или течност.

27. Никогаш не го користете Електричниот експрес лонец без храна и течност во садот за готвење.

28. Мора да се користи испорачаниот сад за готвење. Не обидувајте се да користите друг сад.

29. Никогаш не користете го електричниот експрес лонец ако капакот, садот или други компоненти изгледаат оштетени.

30. Никогаш не го покривајте електричниот експрес лонец за време на работа.

31. Никогаш не го надминувајте максималниот капацитет на електричниот експрес лонец, означен со „Max“ на садот.

32. Никогаш не го кревајте електричниот експрес лонец држејќи го за рачката на капакот. Секогаш носете го држејќи го за страничните рачки.

33. Не ракувајте со апарат со оштетен кабел или приклучок или откако апаратот ќе се расипе или ќе падне или ќе биде оштетен на кој било начин. Однесете го апаратот во најблискиот овластен сервис за преглед, поправка или електрично или механичко подесување.

34. Не го ставајте апаратот под плакар или надвисната површина. Изложеноста на пареа за време на процесот на готвење може да ја оштети надвиснатата површина.

35. Пред секоја употреба уверете се дека црвениот пловечки вентил и вентилот за пареа не се заглавени. Уверете се дека металниот филтер (во внатрешната страна на капакот) под вентилот за пареа не е блокиран.

36. Избришете ја надворешната површина на внатрешниот сад и грејната плоча и осигурајте се дека е чиста пред употреба.

37. Никогаш не го прилагодувајте вентилот за пареа за време на циклусот на готвење.

38. Никогаш не гответе храна што може да нарасте и да се прошири во тенџерето толку што може да предизвика блокирање или заглавување на вентилот кој се наоѓа на внатрешната страна на капакот.

39. Сувите намирници треба да се потопуваат во вода одреден период пред готвење.

40. По готвењето, не го отворајте капакот додека не се ослободи притисокот од тенџерето. Секогаш свртете го вентилот за пареа во положба за ослободување на пареа пред да го отворите. (црвениот пловечки вентил на горната страна од капакот треба да биде спуштен што означува дека нема притисок во лонецот и може да се отвори капакот)!

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

КОНТРОЛИ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА МУЛТИКУКЕРОТ

Предна страна на апаратот

 

predna_strana

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

1. рачка на капакот
2. Капак
3. Рачки за пренос на електричниот експрес лонец
4. Копче и индикатор на тајмерот за одложено готвење
5. Дисплеј
6. Копче занагодување на нивото на притисок
7. Копче за намалување
8. Копче и индикатор за рачно нагодување на режимот на работа
9. Листа на програмирани режими за готвење
10. Копче за одржување на топлина/во мирување
11. Копче за време на готвење
12. Копче за зголемување
13. Копче за мени
14. Место за одложување на пластичната лажица

 

predna_kp

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

predna_ploca_2

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

 

Елементи на горната страна на апаратот

kapak_odozgore

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

1. Рачка на капакот
2. Ознака за позиција на вентилот за пареа (Вентилот за испуштање на пареа е отворен)
3. Ознака за позиција на вентилот за пареа (Вентилот за испуштање на пареа е затворен)
4. Вентил за пареа

Вентилот за пареа може да се затвори при што создадената пареа во лонецот предизвикува зголемен притисок и на тој начин се зголемува температурата на готвење, а со тоа се намалува времето за готвење. Вентилот за пареа може да се отвори со што ќе се испушти пареата и ќе се ослободи притисокот.
5. Црвен пловечки вентил (ако е подигнат над површината на капакот – значи дека во лонецот има пареа под притисок)

 

Други елементи во комплетот на апаратот

drugi_elementi

 

1. Решетка – подлога за садот за готвење на пареа
2. Сад за готвење на пареа
3. Чашка за мерење
4. Пластична чашка - собирач на кондензација (кондензирана вода) што треба да се монтира на задната страна на апаратот
5. Лажица за супи и чорби
6. Лажица за сервирање на погусти јадења

 

ВОВЕД

Електричниот експрес лонец готви многу различни видови храна, брзо и лесно.
Храната се става во внатрешен сад за готвење со одредена количина вода или друга течност.
Потоа садот за готвење се става во сад под притисок и се затвора со капак.

Што може да се готви?
Електричниот експрес лонец може да готви под притисок ориз, месо, живина, зеленчук, грав, кари, супи, чорби и многу други прехранбени производи.
Исто така, можете да готвите на пареа, можете да пржете и може и да се користи за бавно готвење со користење на различни поставки.

Време на готвење и поставки за притисок
Електричниот експрес лонец вклучува претходно поставени програми (режими за готвење) кои оптимално ја поставуваат температурата и притисокот за популарните видови храна што се готват под притисок.

Рачното нагодување Ви овозможува по Ваш избор да го нагодите времето на готвење и да го нагодите притисокот.

Тајмер за одложен почеток на готвењето
Тајмерот за одложен почеток на готвење може да се нагоди за да го одложи почетокот на готвењето до 24 часа.

Функција за одржување на топлина
Функцијата за одржување на топлина ви овозможува да ја одржувате храната топла во електричниот експрес лонец откако ќе заврши фазата на готвење до времето за сервирање.

 

РАСПАКУВАЊЕ

Распакувајте го Електричниот експрес лонец и додатоците од кутијата. Зачувајте ја кутијата и пакувањето за идна употреба. Доколку треба да ја отстраните кутијата и пакувањето, ве молиме направете го тоа одговорно.


Кутијата треба да содржи:
1 x експрес лонец (модел Delimano MY-CS6004WPB).
1 x Капак.
1 x Сад за готвење.
1 x Мерна чаша.
1 x Лажичка за сервирање.
1 x Лажичка за супа.
1 x Решетка.
1 x Пластична чашка - собирач на кондензирана вода.
1 x Кабел за напојување
1 x Упатство за употреба.

 

ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ


Предупредувања при употреба
Црвениот пловечки вентил автоматски се крева кога во лонецот има пареа под притисок.

Никогаш не обидувајте се да го отворете капакот кога црвениот пловечки вентил е подигнат што покажува дека електричниот експрес лонец е под притисок и внатре има жешка пареа!

slika3

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

Локација за вашиот електричен експрес лонец
• Изберете рамно, стабилно место во близина на штекер (220 Волти).
• Отстранете ги сите предмети што може да се оштетат од топлината или пареата од
Електричниот експрес лонец.

Предупредувања при поставување
Осигурајте се дека апаратот е поставен подалеку од дофат на деца кога работи.
Никогаш не го ставајте апаратот под плакар или надвисната површина. Изложеноста на
пареа за време на процесот на готвење може да ја оштети површината.

Склопување на капакот
Вентилите и другите компоненти на капакот може да се расклопат за чистење.
Пред секоја употреба, проверете дали сите компоненти на капакот се правилно склопени на капакот.

Пластична чашка – колектор за кондензација
Колекторот за кондензација е мала, тесна чаша што доаѓа во комплетот и треба да се постави на страната на задниот дел од Електричниот експрес лонец како што е прикажано:

slika4

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

Оваа чашка  ја собира течноста што се кондензира околу работ на Електричниот експрес лонец за време на готвењето.
Чашката за кондензација секогаш треба да биде поставена за време на готвењето. Кога готвењето ќе заврши, чашката за кондензација треба да се испразни и исчисти.

На овој линк можете да го видете видеото во кое објаснувам каде и како се става чашката за собирање на кондензираната вода: https://www.youtube.com/shorts/7-16eXnyY4E

 

Количина/Волумен на храна што може да се стави во лонецот
За свежи состојки како што се месо и зеленчук, никогаш не ја надминувајте ознаката MAX на внатрешната страна од садот.
За ориз, сув грав, сушен зеленчук, мешунки и житарки, никогаш не надминувајте 50% од капацитетот на садот со вкупниот волумен на храна и течност бидејќи овие намирници ќе се прошират при готвење и може да ги блокираат безбедносните вентили.

Упатства за подготовка
Овој дел содржи неколку упатства за да започнете со готвење под притисок на основни видови храна. Користете ги овие упатства за да започнете со готвење со вашиот Електричниот експрес лонец и ажурирајте ги вашите рецепти додека учите да готвите според вашите преференции.
Секогаш проверувајте дали храната е целосно зготвена пред да ја сервирате.
Пребарувајте на интернет за многу повеќе рецепти и идеи за готвење под притисок.

Подготовка на месо
Месото генерално ќе се зготви најдобро ако прво се запржи во малку масло во садот на Електричниот експрес лонец (во режим со број 05 за пржење). Може да се готват цели поголеми парчиња месо, или да се исече на помали парчиња, но времето на готвење треба да се прилагоди соодветно. Додадете приближно 250 мл вода или супа во лонецот ако готвите помалку од 45 минути. За подолго време на готвење, додадете 350 мл вода или супа.

Подготовка на свеж зеленчук
Подгответе го зеленчукот/зеленчиците така што ќе ги измиете и ќе ги излупете, а потоа исечете ги на парчиња со приближно еднаква големина за да се зготват рамномерно. Додадете приближно 120 мл вода или супа во садот со зеленчукот.

Подготовка на ориз со долги зрна или басмати
Измерете го оризот во сад и прво исплакнете го со неколку промени на вода. 160 мл сув ориз е приближно една порција. Додадете приближно 240 мл вода на 160 мл ориз во садот и 15-20 мл масло за да се намали пенењето.

Подготовка на кафеав ориз
Следете ги претходните упатства за бел ориз, но додадете 50% повеќе вода.

Сушен грав, мешунки и сл.
Проверете го гравот и фрлете ги сите евентуални нечистотии или други остатоци. Ставете го гравот во сад и исплакнете го со неколку промени на вода. Ставете го гравот во садот за готвење со кромид, лук, билки итн. по вкус. Додадете вода во сооднос од приближно 1500 мл на 500 грама грав и 30-50 мл масло за да се намали пенењето.

 

 

Ставање на капакот (заклучување и отклучување)

На следниве две слики се гледа како се става капакот, како се заклучува, како се отклучува и како се вади капакот:

kapak_o

Капакот на електричниот експрес лонец е отклучен

 

kapak_z

Капакот на електричниот експрес лонец е заклучен

 

 

ПРВА УПОТРЕБА

Пред да го користите вашиот Електричниот експрес лонец за прв пат, треба да се осигурате дека е темелно исчистен.
• Следете ги упатствата во делот „Чистење и нега“ за да го исчистите садот, капакот и другите додатоци пред да ги користите за прв пат.

• Проверете дали вентилите во капакот се правилно склопени и дали силиконскиот заптивен гумен обрач на капакот е правилно поставен.
Вашиот Електричен експрес лонец сега е подготвен за употреба.

 

ГОТВЕЊЕ ПОД ПРИТИСОК - подготовка

• Проверете дали сте ги подготвиле сите состојки што планирате да ги готвите и ставете ги во садот за готвење.

Решетката може да се користи за подигнување на поголеми парчиња храна (парчиња месо и слично) од дното на садот, доколку е потребно.

• Додадете вода или супа во садот за готвење според вашиот рецепт.


Внимание!
Водата или супата се суштински дел од процесот на готвење и секогаш мора да се додадат минимум 125 мл во садот за готвење.

• Проверете дали надворешноста на садот за готвење е сува и ставете го садот во Електричниот експрес лонец.

• Проверете дали капакот е правилно ставен.

• Капакот се става на следниов начин: Порамнете го симболот katanec_o на капакот, со стрелката strelka на врвот од контролната табла и поставете го капакот во Електричниот експрес лонец.

• Свртете го капакот во насока на стрелките на часовникот додека симболот katanec_z не се порамни со стрелката strelka за да го заклучите капакот на место.

• Поставете го вентилот за пареа во затворена положба ventil_z (за готвење под притисок).

• Ставете го конекторот од електричниот кабел во приклучокот за напојување на Електричниот експрес лонец, а потоа приклучете го кабелот во штекер (220 Волти). Притиснете го конекторот на кабелот во штекерот за да се осигурате дека е добро вклучен.

На екранот ќе трепка „----“.

Сега можете да изберете претходно програмиран режим за готвење на вашата храна или рачно да го поставите времето на готвење.

На следните две фотографии се прикажани вентилот за пареа и црвениот пловечки вентил на горната страна од капакот:

 

kapak_v_o

Вентилот за пареа на горната страна од капакот е отворен

 

kapak_v_z

Вентилот за пареа на горната страна од капакот е затворен

 

 

 

Готвење под притисок – избирање на програмиран режим за готвење
(на пример готвење на зеленчук под број 03)

• Притиснете „Мени“.

• Индикаторот „M“ (мени) ќе светне и на екранот ќе трепка „P01“ (почетен режим за готвење 01).

• Притиснете  го копчето „+“ или копчето „-“ за да го изберете бројот за програмиран режим на готвење (од 01 до 15), по желба, во зависност од јадењето што сакате да го зготвите.
На пример, изберете програмиран режим  03 за готвење зеленчук.

Забелешка:
За готвење под притисок не ги избирајте програмираните режими за готвење со број 05, 06 или 15. Овие режими не се за готвење под притисок и се резервирани за други видови готвење.
10 секунди по последното поставување, Електричниот експрес лонец ќе испушти 3 звучни сигнали и екранот ќе престане да трепка. Готвењето ќе започне.

Готвење под притисок - рачно поставување на времето

• Притиснете „Рачно поставување“ (Manual Setting).
Индикаторот на копчето ќе светне.

• Притискајте го копчето „Ниво на притисок“ (Pressure Level) неколку пати за да ги изберете посакуваните поставки Ниско (Low), средно (Medium) или Високо (High).

• Притиснете „Тајмер за готвење“ (Cooking Timer).

• Притиснете „+“ или „-“ за да го изберете времетраењето на готвење што го сакате.
10 секунди по вашето последно поставување, Eлектричниот Експрес лонец ќе испушти 3 звучни сигнали и екранот ќе престане да трепка. Готвењето ќе започне.

Готвење под притисок - процесот на готвење

10 секунди откако ќе се завршат поставките, процесот на готвење ќе започне автоматски. Електричниот Експрес Лонец ќе го загрева садот за готвење додека пареата не го постигне соодветниот притисок. Во текот на ова време ќе излегува пареа од црвениот пловечки вентил. Ова е нормално.

Штом ќе се достигне потребниот притисок, црвениот пловечки вентил ќе се подигне над површината на капакот, а индикаторот casovnik (време) ќе се прикаже и дисплејот ќе почне да го прикажува времето на готвење во минути.

Времето ќе одбројува...

За време на готвењето повремено може да излегува пареа од вентилот за пареа. Ова е нормално.

На крајот од времето за готвење, Електричниот експрес лонец ќе испушти звучен сигнал и ќе се прикаже „0H“.

Индикаторот „Одржувај топло“ (Keep Warm) ќе светне. Подготвената храна ќе се чува на безбедна температура за сервирање од 60°C до 2 часа.

Готвење под притисок - откако вашата храна ќе биде зготвена

Внимание!
Кога ќе заврши готвењето под притисок, Електричниот експрес лонец сè уште ќе биде под притисок. Не го отворајте капакот додека притисокот во Електричниот експрес лонец не се намали доволно, односно додека црвениот пловички вентил не се спушти под површината на капакот.

 

Постојат два начина за ослободување на притисокот во Електричниот експрес лонец:

1. Можете да го оставите Електричниот експрес лонец природно да се намали притисокот додека се лади.

Ова ќе трае околу 10 – 20 минути и храната ќе продолжи да се готви во текот на ова време.

• Почекајте додека не се спушти црвениот пловечки вентил под површината на капакот.
Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок.

• Свртете го вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Сега е безбедно да го отворите капакот.

• Погледнете го делот „Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената хранa“.

2. Можете рачно да го намалите притисокот во Електричниот експрес лонец.

• Држејќи го лицето и рацете подалеку од Електричниот експрес лонец, користете некој погоден предмет (на пример дрвена лажица) за да го свртите вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Врелата пареат ќе излегува под притисок!

• Почекајте додека не падне црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок. Сега е безбедно да го отворите капакот.

• Погледнете го делот „Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената хранa“.

 

 

ГОТВЕЊЕ СО ПАРЕА (Steaming)

Готвењето со пареа се одвива на решетката во садот за готвење.

• Ставете ја решетката во садот за готвење.

• Истурете вода во садот за готвење. Додадете доволно вода за процесот на готвење на пареа, но осигурајте се дека нивото на водата е под решетката.

• Проверете дали сте ги подготвиле сите состојки што планирате да ги готвите и ставете ги на решетката во садот за готвење. За мали состојки можете да ја ставите храната на чинија отпорна на топлина или во корпата за готвење на пареа поставена на решетката.

• Проверете дали надворешноста на садот за готвење е сува и ставете го садот во Електричниот експрес лонец.

• Проверете дали капакот е правилно ставен.

• Капакот се става на следниов начин: Порамнете го симболот katanec_o на капакот, со стрелката strelka на врвот од контролната табла и поставете го капакот во Електричниот експрес лонец.

• Свртете го капакот во насока на стрелките на часовникот додека симболот katanec_z не се порамни со стрелката strelka за да го заклучите капакот на место.

• Поставете го вентилот за пареа во затворена положба ventil_z (за готвење под притисок).

• Ставете го конекторот од електричниот кабел во приклучокот за напојување на Електричниот експрес лонец, а потоа приклучете го кабелот во штекер (220 Волти). Притиснете го конекторот на кабелот во штекерот за да се осигурате дека е добро вклучен.

На екранот ќе трепка „----“.

 

Готвење на храна со пареа - избирање на програмиран режим за готвење со број 04

• Кога ќе бидете подготвени да започнете со готвење, притиснете го копчето „Мени“ (Menu).

• Индикаторот „M“ (мени) ќе светне и екранот ќе трепка „P01“ (почетен режим за готвење 01).

• Притиснете го копчето „+“ три пати за да го изберете режимот за готвење со број 04.

10 секунди откако ќе завршите со поставувањето, Електричниот експрес лонец ќе испушти три звучни сигнали и екранот ќе престане да трепка. Готвењето ќе започне.


Процес на готвење со пареа

10 секунди откако ќе се завршат поставките, процесот на готвење ќе започне автоматски. Електричниот експрес лонец ќе го загрее садот за готвење додека не се подигне притисок. Во текот на ова време ќе излегува малку пареа од црвениот пловечки вентил. Ова е нормално.

Штом ќе се достигне потребниот притисок, по околу десетина минути, индикаторот casovnik (време) ќе се прикаже на дисплејот и ќе почне да го прикажува времето на готвење од 10 минути.

Времето ќе одбројува...

За време на готвењето, повремено може да излегува пареа од вентилот за пареа. Ова е нормално.

Можете да го оставите процесот на готвење со пареа да работи цели 10 минути или ако сакате можете да го завршите процесот порано со притискање на копчето off .

На крајот од времето на готвење, Електричниот експрес лонец ќе свири и ќе се прикаже „0H“. Ќе светне индикаторот „Одржувај топло“ (Keep Warm). Подготвената храна ќе се чува на безбедна температура за сервирање од 60°C до 2 часа.

• Погледнете го делот „Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената хранa“.

 

Готвење на пареа - откако храната ќе биде зготвена

Внимание!
Кога ќе заврши готвењето со пареа, Електричниот експрес лонец сè уште ќе биде под притисок!

Постојат два начина за ослободување на притисокот во Електричниот експрес лонец:

1. Можете да го оставите Електричниот експрес лонец природно да се намали притисокот додека се лади.

Ова ќе трае околу 10 минути и храната ќе продолжи да се готви во текот на ова време.

• Почекајте додека не се спушти црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок.

• Свртете го вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Сега е безбедно да го отворите капакот.

• Погледнете го делот „Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената хранa“.

2. Можете рачно да го намалите притисокот во Електричниот експрес лонец.

• Држејќи го лицето и рацете подалеку од Електричниот експрес лонец, користете некој погоден предмет (на пример дрвена лажица) за да го свртите вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Врелата пареат ќе излегува под притисок!

• Почекајте додека не падне црвениот пловечки вентил.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок. Сега е безбедно да го отворите капакот.

• Погледнете го делот „Отворање на капакот по готвењето и сервирање на подготвената хранa“.

 

 

 

ПРЖЕЊЕ (Sautéing) - подготовка

Процесот на пржење ви овозможува да го користите Електричниот експрес лонец за да запржите кромид, лук, месо итн. Ова може да биде корисно пред готвење под притисок или пред готвење во режимот„ бавно готвење“ на вашата храна.

ЗАБЕЛЕШКА: Во режимот за пржење капакот не се става.

• Ставете малку масло или маст во садот за готвење со состојките што треба да се пржат.

• Ставете го конекторот од електричниот кабел во приклучокот за напојување на Електричниот експрес лонец, а потоа приклучете го кабелот во штекер (220 Волти). Притиснете го конекторот на кабелот во штекерот за да се осигурате дека е добро вклучен.

На екранот ќе трепка „----“.

 

Пржење - избирање на програмиран режим на готвење (пржење) со број 05

• Кога ќе бидете подготвени да започнете со пржење, притиснете го копчето „Мени“ (Menu).

• Индикаторот „M“ (мени) ќе светне и екранот ќе трепка „P01“  (почетен режим за готвење 01).

• Притиснете го копчето „+“ 4 пати за да го изберете режимот со број  05 за пржење.

10 секунди откако ќе завршите со нагодувањето, Електричниот експрес лонец ќе испушти 3 звучни сигнали и екранот ќе престане да трепка. Готвењето (пржењето) ќе започне.

Процесот на готвење со пржење

Откако ќе започне готвењето, Електричниот експрес лонец ќе го загрее садот за готвење.

Штом ќе се достигне потребната температура, индикаторот casovnik (време) ќе се прикаже и дисплејот ќе почне да го прикажува времето на готвење (пржење) од 30 минути.

Времето ќе се одбројува...

За време на пржењето можеби ќе треба повремено да ги мешате состојките. Секогаш користете дрвена или пластична лажица за ова, бидејќи со метална лажица може да се оштети  специјалниот слој на садот против залепување на храната.

Кога ќе завршите со процесот на пржење, можете да го исклучите Електричниот експрес лонец со притискање на копчето off .

 

 

БАВНО ГОТВЕЊЕ (Slow cooking) - подготовка

Процесот на бавно готвење се одвива на пониски температури и трае многу подолго време од другите режими на готвење.

• Ставете ги сите состојки во садот за готвење. Користете количини храна и течност/супа што се потребни според вашиот рецепт за бавно готвење.

• Проверете дали надворешноста на садот за готвење е сува и ставете го садот во Електричниот експрес лонец.

• Проверете дали капакот е правилно ставен.

 

• Капакот се става на следниов начин: Порамнете го симболот katanec_o на капакот, со стрелката strelka на врвот од контролната табла и поставете го капакот во Електричниот експрес лонец.

• Свртете го капакот во насока на стрелките на часовникот додека симболот katanec_z не се порамни со стрелката strelka за да го заклучите капакот.

• Поставете го вентилот за пареа во затворена положба ventil_z (за готвење под притисок).

• Ставете го конекторот од електричниот кабел во приклучокот за напојување на Електричниот експрес лонец, а потоа приклучете го кабелот во штекер (220 Волти). Притиснете го конекторот на кабелот во штекерот за да се осигурате дека е добро вклучен.

На екранот ќе трепка „----“.

 

• Капакот се става на следниов начин: Порамнете го симболот katanec_o на капакот, со стрелката strelka на врвот од контролната табла и поставете го капакот во Електричниот експрес лонец.

• Свртете го капакот во насока на стрелките на часовникот додека симболот katanec_z не се порамни со стрелката strelka за да го заклучите капакот.

• Повлечете го вентилот за пареа нагоре за да го извадите од капакот.

Ова е потребно за да се спречи создавање на притисок во Електричниот експрес лонец, бидејќи во режим на бавно готвење (Slow cooking) не се готви под притисок.

• Ставете го конекторот од електричниот кабел во приклучокот за напојување на Електричниот експрес лонец, а потоа приклучете го кабелот во штекер (220 Волти). Притиснете го конекторот на кабелот во штекерот за да се осигурате дека е добро вклучен.

На екранот ќе трепка „----“.

 

Бавно готвење - избирање на програмиран режим за готвење со број 06

• Кога ќе бидете подготвени да започнете со готвење, притиснете го копчето „Мени“ (Menu).

• Индикаторот „M“ (мени) ќе светне и екранот ќе трепка „P01“ (почетен режим со број 01).

• Притиснете „+“ 5 пати за да го изберете режимот за готвење со број 06.

10 секунди откако ќе завршите со поставувањето, Електричниот експрес лонец ќе испушти 3 звучни сигнали и екранот ќе престане да трепка. Готвењето ќе започне.


Бавно готвење - процесот на готвење

Откако ќе започне готвењето, Електричниот експрес лонец нежно ќе го загрее садот за готвење, ќе се прикаже индикаторот casovnik (време) и дисплејот ќе се почне да го прикажува времето на готвење од 8 часа.

Времето ќе одбројува...

За време на готвењето, малку пареа ќе излезе од отворот на вентилот за пареа. Ова е нормално.

Можете да го оставите процесот на бавно готвење да работи цели 8 часа или, за пократко време на готвење, можете да го завршите процесот порано со притискање на копчето off .

На крајот од времето на готвење, Електричниот експрес лонец ќе испушти звучен сигнал и ќе се прикаже „0H“.

Индикаторот „Одржувај топло“ (Keep Warm) ќе светне. Подготвената храна ќе се чува на безбедна температура за сервирање од 60°C до 2 часа.

 

 

OТВОРАЊЕ НА КАПАКОТ ПО ГОТВЕЊЕТО И СЕРВИРАЊЕ НА ПОДГОТВЕНАТА ХРАНА
(Важи за сите режими на готвење)

• Исклучете го апаратот од електричната мрежа.

Внимание!
Кога ќе заврши готвењето под притисок, Електричниот експрес лонец сè уште ќе биде под притисок и внатре ќе има жешка пареа!
Пред да се отвори капакот, најнапред мора да се ослободи притисокот!

Постојат два начина за ослободување на притисокот во Електричниот експрес лонец:

 

1. Можете да го оставите Електричниот експрес лонец природно да се намали притисокот додека се лади.

Ова ќе трае околу 10 – 20 минути и храната ќе продолжи да се готви во текот на ова време.

• Почекајте додека не се спушти црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок.

• Свртете го вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Сега е безбедно да го отворите капакот.

 

2. Можете рачно да го намалите притисокот во Електричниот експрес лонец.

• Држејќи го лицето и рацете подалеку од Електричниот експрес лонец, користете некој погоден предмет (на пример дрвена лажица) за да го свртите вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

ВНИМАНИЕ: Врелата пареа ќе излегува нагоре под притисок!

• Почекајте додека не падне црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок. Сега е безбедно да го отворите капакот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидете исклучително внимателни при отварањето на капакот бидејќи содржината ќе биде жешка и ќе има врела пареа. Никогаш не се наведнувајте директно над Електричниот експрес лонец додека го отворате капакот.

На следните две фотографии се прикажани вентилот за пареа и црвениот пловечки вентил на горната страна од капакот:

 

kapak_v_o

Вентилот за пареа на горната страна од капакот е отворен

 

kapak_v_z

Вентилот за пареа на горната страна од капакот е затворен

 

Свртете го капакот во насока спротивно од стрелките на часовникот, додека симболот katanec_o на горната страна од капакот не се порамни со стрелката strelka на врвот од контролната табла, за да го отклучите капакот.

• Подигнете го капакот.

• Проверете дали содржината е зготвена.

Доколку е потребно повеќе готвење, проверете дали има доволно течност во садот за готвење, потоа вратете го капакот и рачно поставете дополнително време на готвење.

Ако храната е зготвена, сега може да се сервира или внимателно да се префрли во сад за сервирање.

Садот треба да се извади за сервирање.

 

kapak_o

Капакот на електричниот експрес лонец е отклучен

 

kapak_z

Капакот на електричниот експрес лонец е заклучен


Внимание: Садот за готвење ќе биде многу жежок и може да биде тежок. Подгответе термоотпорна површина до Електричниот експрес лонец на која ќе стои садот и извадете го со ракавици за рерна.

Ако сакате да го оставите садот во Електричниот експрес лонец при сервирање, внимавајте да не истурите храна или течност околу надворешноста на садот којашто може да се навлезе во другите делови на Електричниот експрес лонец.

Извадете го садот и избришете ги сите истурени течности веднаш по сервирањето.

Секогаш користете ја лажицата за сервирање или лажицата за супа за да ја извадите храната од садот за готвење. Никогаш не користете метална лажица или вилушка и слично, бидејќи тоа може да ја оштети нелепливата површина на садот за готвење.

 

 

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГОДУВАЊАТА И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГОТВЕЊЕ
(Важи за сите режими на готвење)

Можеби ќе сакате да ги откажете претходно поставените, рачните или одложените нагодувања пред или за време на готвењето.

• Притиснете го кочето off .

Екранот ќе трепка „----“. Сите нагодувања сега се избришани и готвењето е стопирано.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако откажете некои нагодувања за време на готвењето и одлучите да го отворите капакот за да додадете или извадите храна, секогаш прво поставете го вентилот за пареа во положба ventil_o (за да се испушти пареата).

Откако пареата ќе се испушти, притисокот во лонецот ќе се намали и црвениот пловечки вентил ќе се спушти под површината на капакот.

Дури тогаш е безбедно да го отклучите капакот и да го подигнете од лонецот.

 

 

ГОТВЕЊЕ СО ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК (само за режими на готвење под притисок)

Откако ќе ги изберете поставките за готвење под притисок, имате можност да го одложите почетокот на готвењето за период до 24 часа.

• Притиснете го копчето „одложено готвење “ (Delay Timer).

На дисплејот ќе почне да трепка 2:00 (одложување на почетокот на готвење за 2 часа).

• Притиснете го копчето „+“ или „-“ за да го нагодите саканиот временски период за одложување на почетокот на готвење.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Одложеното стартување не треба да се поставува при готвење на пареа или пржење храна.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Храната што ќе остане во садот до почетокот на одложено готвење ќе биде на собна температура. Никогаш не користете ја функцијата за одложено стартување за готвење месо или други продукти што можат да се расипат и да претставуваат ризик по здравјето ако се чуваат на собна температура до почетокот на готвење.

 

ПО УПОТРЕБАТА, ОДНОСНО ПО ГОТВЕЊЕТО

• Исклучете го апаратот од електричната мрежа и оставете го целосно да се олади.

• Извадете ја пластичната чашка, односно собирачот на кондензација од задниот дел на електричниот експресен лонец и испразнете ја кондензираната вода што се собрала во него.

• Следете ги упатствата во делот за чистење и нега за да го исчистите садот, капакот и другите додатоци.

• Лабаво намотајте го кабелот и чувајте го Електричниот експрес лонец и кабелот безбедно подалеку од дофат на деца.

 

НЕГА И ЧИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ЕКСПРЕС ЛОНЕЦ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Компонентите на експрес лонецот не треба да се мијат во машина за садови. Секогаш мијте ги рачно!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не чистете ги компонентите на лонецот со стругалки, абразивни сунѓери или хемикалии.
• Исклучете го апаратот од струја и оставете го да се олади.

 

Чистење на капакот
Погледнете го долниот цртеж и расклопете ги компонентите на вентилот на капакот пред чистење:

kapak_cistenje

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

kapak_d

 

1. Од внатрешноста на капакот, отстранете ја малата гумена капа над внатрешниот крај на црвениот пловечки вентил.

2. Отстранете го црвениот пловечки вентил од над капакот.

3. Отстранете го вентилот за пареа со влечење на телото на вентилот нагоре.

4. Од внатрешноста на капакот, внимателно извадете го филтерот од под вентилот за пареа. Може да ви биде од помош мал шрафцигер.

5. Отстранете го силиконскиот заптивен гумен обрач од внатрешниот раб на капакот:

silikon_v

 

• Измијте го капакот рачно во благ раствор од детергент. Внимавајте да ја измиете областа околу внатрешниот раб.

• Измијте ги силиконскиот заптивен гумен обрач и компонентите на вентилот одделно, внимавајќи да не ги изгубите малите делови.

Чистење на садот (лонецот) за готвење

• Извадете го садот за готвење и наполнете го со топла вода. Оставете го да отстои некое време. Ако има залепена некаква храна на дното од садот за готвење, треба да се отстрани.

Никогаш не користете остри метални алатки или абразивни средства за чистење на садот бидејќи тие ќе ја оштетат нелепливата површина.

Користете најлонски сунѓер или дрвена шпатула за да ги отстраните сите останати наслаги.

Чистење на телото на електричниот уред

• Избришете го главното тело на Електричниот експрес лонец и главниот сад со влажна крпа и добро исушете го. Никогаш не го потопувајте Електричниот експрес лонец во вода.

Чистење на додатоците

• Измијте ја решетката, лажиците, шолјата итн. рачно во благ раствор од детергент.

По чистењето

• Целосно исушете ги сите компоненти и повторно составете го садот за готвење во електричниот екслрес лонец. Додатоците може да се чуваат во садот.

• Повторно составете ги вентилите на капакот во обратен редослед од отстранувањето на истите.

• Наместете го силиконскиот заптивен гумен обрач во внатрешниот раб на капакот.

ВНИМАНИЕ: При поставување на силиконскиот заптивен гумен обрач, наместете го во просторот зад металната држачка лента како што е прикажано со стрелката:

silikon_s

 

• Ставете го капакот во телотот на Електричниот експрес лонец, но не го заклучувајте целосно. Ова ќе го намали абењето на силиконскиот заптивен гумен обрач во периодот до следната употреба на Електричниот експрес лонец.

 

 

МОЖНИ ПРОБЛЕМИ И НИВНО РЕШАВАЊЕ

ВНИМАНИЕ: Доколку се соочите со било какви проблеми за време на процесот на готвење, секогаш исклучете го електричниот експрес лонец и оставете го да се олади пред да ги проверите чекорите подолу.

• Тешкотии при затворање на капакот или истекување на пареа од капакот.

Проверете дали силиконскиот заптивен гумен обрач во внатрешниот раб на капакот е чист и дали е правилно поставен.

Проверете дали капакот е правилно порамнет пред да го затворите.

• Истекување на пареа од црвениот пловечки вентил.

Отстранете го капакот. Вентилот можеби треба да се исчисти. Извадете го и исчистете го.

• Истекување на пареа од вентилот за пареа.

Проверете дали вентилот за пареа е затворен.

• Капакот не се отвора.

Електричниот експрес лонец може да биде под притисок.

 

Внимание!
Кога ќе заврши готвењето под притисок, Електричниот експрес лонец сè уште ќе биде под притисок и внатре ќе има жешка пареа!
Пред да се отвори капакот, најнапред мора да се ослободи притисокот!

 

Постојат два начина за ослободување на притисокот во Електричниот експрес лонец:

1. Можете да го оставите Електричниот експрес лонец природно да се намали притисокот додека се лади.

Ова ќе трае околу 10 – 20 минути и храната ќе продолжи да се готви во текот на ова време.

• Почекајте додека не се спушти црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок.

• Свртете го вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

Сега е безбедно да го отворите капакот.

2. Можете рачно да го намалите притисокот во Електричниот експрес лонец.

• Држејќи го лицето и рацете подалеку од Електричниот експрес лонец, користете некој погоден предмет (на пример дрвена лажица) за да го свртите вентилот за пареа во положба ventil_o (ослободување на пареа).

ВНИМАНИЕ: Врелата пареа ќе излегува нагоре под притисок!

• Почекајте додека не падне црвениот пловечки вентил под површината на капакот.

Ова покажува дека Електричниот експрес лонец повеќе не е под притисок. Сега е безбедно да го отворите капакот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидете исклучително внимателни при отварањето на капакот бидејќи содржината ќе биде жешка и ќе има врела пареа. Никогаш не се наведнувајте директно над Електричниот експрес лонец додека го отворате капакот.

Свртете го капакот во насока спротивно од стрелките на часовникот, додека симболот katanec_o на горната страна од капакот не се порамни со стрелката strelka на врвот од контролната табла, за да го отклучите капакот.

• Подигнете го капакот.

 

• На дисплејот е прикажан кодот „C1“.

Ова означува дека во садот за готвење нема доволно содржина на течност.

 

 

ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Напојување .......................................... 220 – 240 V ~, 50/60Hz

Потрошувачка на енергија ................. 1000W (1kW)

Тежина ................................................. 5,9 kg

Капацитет на садот за готвење ........... 5,7 литри

ВАЖНО: ОВОЈ АПАРАТ МОРА ДА БИДЕ ЕЛЕКТРИЧНО ЗАЗЕМЈЕН!

Тоа се прави преку кабелот за струја кој треба да се приклучи во штекер кој има со соодветно заземјување.

 

specs

 

 

 

- - - - - - - - - - - - - - - - -

 

ПРИЛОЗИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Програмирани Режими на готвење (краток опис)

 

01 Meat (Готвење на месо) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 20 минути. За готвење на свинско, говедско, или готвење гулаш – обезбедува нежно месо со богати вкусови.

02 Poultry (Готвење месо од живина) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 20 минути. За пилешко месо, месо од мисирка и друга живина – сочно, но добро сварено месо.

03 Vegetables (Готвење на зеленчук) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 5 минути. За компири, моркови, брокула, царска мешавина – го зачувува вкусот, но ги прави нежни.

04 Steam (Готвење со пареа) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 10 минути. За зеленчук, риба и лесни јадења – кратко време, свеж вкус.

05 Sauté (Пржење) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 30 минути. За „запржување“ пред готвење (лук, кромид, месо) и правење запршка – без капак за стекување арома.

06 Slow Cook (Бавно готвење) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 8 часови.  За бавно готвење на супи, гулаши (без притисок) – ефект сличен на рерна или шпорет.

07 White Rice (Готвење на бел ориз) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 14 минути. Со висок притисок, за варен бел ориз – правилен однос вода/ориз за идеален ориз.

08 Brown Rice (Готвење на кафеав/интегрален ориз) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 22 минути. Со висок притисок, подолг циклус на варење и повеќе вода.

09 Beans (Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 40 минути).
За готвење на грав, сува леблебија, чили  и слично – претходно отстоени во вода, долг циклус за рамномерно мекост.

10 Broth (Готвење на чорби) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 15 минути. За правење супа/базичен бујон – месо и коските се варат под висок притисок за поинтензивен вкус.

11 Curry (Готвење на Кари) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 20 минути. За ориентални јадења, пилешко кари, зеленчуково кари – комбинира притисок со зачини за длабок вкус.

12 Soup (Готвење на супи) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 30 минути.
За супи со зеленчук и месо – поздраво и добро сварено, но не премека текстура.

13 Multigrain (готвење на житарки) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 22 минути. За мешавини од жито (овес, јачмен, просо, пченица и др.) – оптимален притисок и време.

14 Congee (Готвење на Конџи) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 40 минути. Оризова каша / Каша од ориз (солена или слатка) Десерт или лесен оброк – омекнување на ориз во кремаста, густа текстура.

15 Yogurt (Правење на кисело млеко и јогурт) Програмирано времетраење на овој режим за готвење е 8 часови. Со ниска температура (околу 38–43 °C) и без притисок.

 

 

ПРОГРАМИРАНИ РЕЖИМИ ЗА ГОТВЕЊЕ (детален опис)

 

01 Meat - Готвење месо и варива со месо (гулаш)

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 20 минути (во зависност од видот и големината на месото)

Намена: за готвење на:

Што се добива?

Совети:

 

 

02 Poultry – Готвење месо од живина (пиле, мисирка, патка...)

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок (high pressure)
Времетраење: 20 минути

Намена: за готвење на:

Што се добива?

Совети:

 

 

03 Vegetables – (Готвење на зеленчук)

Технички параметри на програмата:

Температура: средна до висока
Притисок: низок до среден
Времетраење: 5 минути

Намена: за готвење на:

Што се добива?

Совети:

За крцкав ефект – веднаш по завршување на програмата отворете го вентилот за пареа, со тоа ќе се ослободи пареата и притисокот во лонецот, црвениот пловечки вентил ќе се спушти и тогаш отворете го капакот.

 

 

04 Steam – Готвење со пареа

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 10 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

веднаш по завршување на програмата отворете го вентилот за пареа, со тоа ќе се ослободи  пареата и притисокот во лонецот, црвениот пловечки вентил ќе се спушти и тогаш отворете го капакот.

 

 

05 Sauté – запржување

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: нема - не се користи
Времетраење: програмата трае 30 минути но може да се прекине или продолжи по желба во зависност од саканото време на пржење.

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

06 Slow Cook – бавно готвење

Технички параметри на програмата:

Температура: ниска
Притисок: нема - не се користи
Времетраење: 8 часа

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

07 White Rice – Готвење на бел ориз

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: среден
Времетраење: 14 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

По завршувањето на програмата, почекајте 5 минути пред отворање на капакот. Потоа отворете го вентилот за пареа, со тоа ќе се ослободи  пареата и притисокот во лонецот, црвениот пловечки вентил ќе се спушти и тогаш отворете го капакот.

 

 

08 Brown Rice – Готвење на интегрален (кафеав) ориз

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 22 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

09 Beans - Готвење на грав, леблебија, леќа и слично

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 40 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

10 Broth – Готвење на бујон / супа основа

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 15 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

11 Curry – Готвење на кари

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 20 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

12 Soup – Готвење на супа

Технички параметри на програмата

Температура: висока
Притисок: среден до висок
Времетраење: 30 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

веднаш по завршување на програмата отворете го вентилот за пареа, со тоа ќе се ослободи  пареата и притисокот во лонецот, црвениот пловечки вентил ќе се спушти и тогаш отворете го капакот.

 

 

13 Multigrain – Готвење на разни житарки

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 22 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

14 Congee – Готвење на Конџи-оризова каша

Технички параметри на програмата:

Температура: висока
Притисок: висок
Времетраење: 40 минути

Намена:

Што се добива?

Совети:

 

 

15 Yogurt – режим за јогурт / кисело млеко

Технички параметри на програмата:

Намена:

 

Основен рецепт за домашен јогурт (кисело млеко)

Состојки:

Постапка:

  1. Загревање на млекото (опционално но препорачливо):
  2. Додавање на културата (јогуртот/киселото млеко):
  3. Ставање во мултикукер:
  4. По завршување на програмата:

Што се добива?

Совети за совршен резултат:

За грчки јогурт: процедете го низ газа после ферментацијата

 

 

ПРИЛОГ


Работен притисок на електричниот експрес лонец и влијание на притисокот на времето на готвење на разни намирници

Во техничките спецификации наелектричниот експрес лонец за готвење под притисок (Мултикукер) Delimano модел MY-CS6004WPB е наведено дека работниот притисок во лонецот за готвење изнесува до 80 kPa (килопаскали).

Тоа значи дека работниот притисок при готвење е 80 kPa над атмосферскиот притисок.

Нормалниот атмосферскиот притисок е околу 101.3 kPa, што е еднакво на 1 atm (атмосфера).

Вкупниот апсолутен притисок во садот на мултикукерот за време на готвење под притисок ќе биде 181.3 kPa, што одговара на 1.8 атмосфери.

При таков притисок, температурата на вриење на водата се зголемува на околу 115 до 118 °C, а тоа го забрзува готвењето.
Кога притисокот расте, расте и температурата на вриење на водата, што доведува до:

Еве една табела за споредба на времето за готвење на некои намирници со обично тенџере и со мултикукер при притисок од 80 kPa над атмосферскиот:

tabela1

кликнете на горнава табела за да ја видете во поголема резолуција

 

Зошто толку голема разлика?

При повисока температура на готвење во мултикукерот (115–118°C) хемиските и физичките реакции во храната се одвиваат побрзо.

Садот за готвење кај мултикукерот е херметички затворен, нема губење на топлина и пареа и енергијата.

Процесот на готвење со мултикукерот е контолиран. Електрониката на мултикукерот одржува оптимални услови за готвење,  оптимален притисок и температура за готвење без варијации.

Заклучок:

Со мултикукерот времето на готвење се скратува за 60–80% во споредба со класично готвење.
Мултикукерот е идеален е за готвење грав, месо, чорби, супи, и житарки.
Освен што заштедувате време, заштедувате и енергија.

Еве уште една табела со време на готвење на разни намирници со мултикукер:

tabela2

кликнете на горнава табела за да ја видете во поголема резолуција

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Дали може Електричниот експрес лонец
да се приклучи на струја преку продолжен кабел?

Во оригиналното упатство кое оди со Делимано Електричниот експрес лонец пишува дека апаратот не смее да се вклучува во струја преку продолжен кабел за струја.

Квалитетни продолжни кабели (направени со кабел 3х2.5 mm2) се дизајнирани така што без проблем можат да издржат моќност до 3.5 kW.
Делимано Мултикукерот (со 15 програми), е со моќност од 1000W = 1 kW (според етикетата од мојот електричен експрес лонец на горнава слика), што е 3.5 пати помала моќност од онаа за кои се дизајнирани квалитетните продолжни кабли, така што нема пречка мултикукерот да се приклучи преку продолжен кабел.

specs

 

И другите модели на мултикукери на нашиот пазар се со слична моќност, така што ова важи за сите мултикукери за домашна употреба.

Друга приказна е што постојат многу неквалитетни евтини продолжни кабели со тенок кабел надвор од сите стандарди, а се продаваат на сомнителни пазари и во сомнителни продавници.

Таквите неквалитетни продолжни кабли се опасни и можат да предизвикаат пожар.

Затоа производителите на мултикукери во упатството, за да се оградат од можни последици, напишале дека не треба да се користи продолжен кабел...

Значи да резимирам, нема пречка да се користи продолжен кабел и на него да се приклучи мултикукерот, ако продолжниот кабел е купен од реномирана продавница или е од познат бренд. Таквите продолжни кабли се малку поскапи, ама си вредат!

 

- - - - - - - - - - - - - - - - -

На овој ЛИНК можете да го симнете целиот овој напис во PDF формат и да си го зачувате во вашиот компјутер или телефон.

- - - - - - - - - - - - - - - - -

 

 

Миле Кокотов (јули 2025 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 45 години во електротехниката, електрониката, РФ-техниката, фотографијата, видео техниката и аудиотехниката (професионално и аматерски).

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница

 

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I