zname_mk mk_z33t zname_mk

ЕДНОСТАВНА Ј-АНТЕНА ЗА 868 MHz (Helium Mining)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


- Евтина, лесна, мала, Ј-антена која лесно може да се изработи, со што ќе се добие поголем сигнал во саканата област на покривање на LoRaWAN хотспотот и повеќе witness и rewards во однос на оригиналните фабрички антени кои одат со хотспотот.

- Кружна карактеристика на зрачење (како и секој вертикален дипол)

- Засилување = 2.15 dBi

- Антената има одличен SWR во целото LoRaWAN фреквенциско подрачје (868 MHz), така што предавателот на хотспотот ќе може лесно да ја испорача целата своја РФ-моќ во антената, а преку неа во просторот.

- Идеална антена за почетници, зашто антената е многу лесна за изработка а проверена во пракса и дава добри перформанси - подобри отколку оригиналните фабрички антени кои одат со хотспотот.

- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно на антената како што е прикажано на фотографиите подолу.

- Антената е изработена од месингена електрода за заварување со дијаметар од 2.5 mm. Наместо месингена електрода, може да се употреби бакарна жица (од ПВЦ кабел за струја 6 мм2, односно дијаметар од 2.6 mm, откако ќе се симне ПВЦ изолацијата).

 

ant1

ant2

 

ant3

ant4

ant5

 

 

Проверка на главните карактеристики на антената (SWR, повратно прилагодување, импеданса, реактанса, ширина на фреквенцискиот опсег) со помош на векторски анализатор на РФ-мрежи:

ant6

 

Направената антена можете да ја видете во видеото на овој ЛИНК

Антената и мерењето на нејзините карактеристики со векторски анализатор на РФ-мрежи можете да го погледнете на овој ЛИНК

 

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I